/ Прочитано:

602

Tркалезна маса и промоција на анализа: „Примена на мерката притвор според Законот за кривична постапка“

Понеделник, 7 септември 2015 – На 11 септември, петок, во хотелот „Гранд плаза“ во Скопје со почеток во 10.00 часот ќе се одржи тркалезна маса на тема „Примена на мерката притвор според Законот за кривична постапка од 2010 година“, како  и промоција на истоимена правна анализа.

Анализата е изработена во рамките на заедничката соработка на Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) и група правни експерти.

„Целта на анализата е да даде аналитички приказ на примената на одредбите за притворот и улогата на судијата за претходната постапка, дилемите кои се појавуваат во праксата во првата година од примената на новиот ЗКП, како и да се понудат одредени толкувања или евентуални законски измени со кои би се надминале постојните практични проблеми“, информираат од Адвокатската комора на РМ. 

Анализата вклучува и судска пракса и краток осврт на предметите против Македонија во врска со членот 5 од Европската конвенција за човекови права.

„Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е–маил: lawyermk@mba.org.mk“, се вели во соопштението на Комората.