/ Прочитано:

727

Тројца професори на Штипскиот универзитет ќе штрајкуваат со глад

Четврток, 10 јули 2014 – Штрајк со глад од утре почнуваат тројца професори од Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кои, како што велат, се соочуваат со незаконска одлука на Наставничкиот совет на Факултетот, пренесе „Фактор“.

Професорите Крсте Шајноски, Ристо Фотов и Маргарита Матлиеска бараат да се постапи согласно предлозите дадено од рефератите на рецензентските извештаи, како и да се разреши деканот на факултетот. 

Тие тврдат дека наместо да напредуваат во кариерата и да бидат избрани во повисоко звање се соочуваат со откази на работните места. Според професорот Крсте Шајноски, наставно-научниот совет се произнел негативно за нивниот избор во повисоко звање и покрај тоа што рецензентската комисија дала позитивно мислење.

Во заштита на правата на тројцата професори застана и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој упати барање до надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки.