/ Прочитано:

868

ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР: Законскиот рок за доставување на годишни сметки за 2014 година е до 28 февруари

Четврток, 26 февруари 2015 – Централниот регистар на Република Македонија ги известува сите обврзници за доставување годишни сметки за 2014 година дека законскиот рок за доставување на истите е 28 февруари 2015 година, а за трговските друштва што поднесуваат во електронска форма и за трговците поединци и за самостојните вршители на дејност што поднесуваат по избор во хартиена или во електронска форма е 15.март 2015 година.

Во деновите 26.2.2015 (четврток), 27.2.2015 (петок) и 28.02.2015 (сабота) приемот на годишни сметки за 2014 година во хартиена форма ќе се врши во сите регистрациони канцеларии на Централниот регистар во периодот од 08:00 до 20:00 часот. Дополнително, во овие денови Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово, во Крушево и во Демир Хисар, во периодот од 08:30 до 16:30 часот.

Согласно Законот за трговските друштва, средните и големите субјекти се должни до Централниот регистар на Република Македонија да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи исклучиво во електронска форма, а ревидираните и одобрени годишни сметки и финансиски извештаи за 2014 година да ги достават најдоцна до 30.6.2015 година.