/ Прочитано:

771

Централниот регистар ќе врши прием на годишните сметки и во понеделник

Четврток, 12 март 2015 – Поради тоа што законскиот рок за поднесување на годишните сметки за 2014 година за самостојните вршители на дејност е 15.3.2015 година (недела), Централниот регистар известува дека ќе врши прием на годишните сметки и на 14.3.2015 година (сабота) од 8:30 до 16:30 часот.

Воедно, бидејќи крајниот рок за поднесување на годишните сметки е во неработен ден, рокот за поднесување на истите се пренесува на 16.3.2015 година (понеделник).

Дополнително, Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово, во Крушево и во Демир Хисар, во периодот од 8:30 до 16:30 часот на 13.3.2015 година (петок) и на 16.3.2015 година (понеделник).

Детални информации и упатства за поднесување на годишните сметки се објавени на веб-локацијата на Централниот регистар на Република Македонија www.crm.com.mk, во делот Информативни содржини.