/ Прочитано:

786

ЦИКП: Истражување за корупцијата на локално ниво

Вторник, 15 април 2014 – Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) денеска го започнува проектот „Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“, во чии рамки ќе се спроведува истражувањето ЛОТОС (Студија за отворена, транспарентна и одговорна локална самоуправа), финансирано од ЕУ.

 Главната цел на проектот е промоција и поттикнување на практиките за антикорупција и добро владеење на локално ниво што ќе обезбеди одржлива средина за социјален, економски и еколошки развој.

 Истражувањето, финансирано од ЕУ со 160.000 евра, ќе биде спроведено од страна на ЦИКП и шест локални граѓански здруженија во 43 општини во осумте плански региони во Македонија.

 Активностите се инспирирани од хрватското искуство во зајакнување на граѓанското општество да биде активен чувар на принципите за транспарентност и одговорност на локалната самоуправа и фактот дека активни и свесни граѓани се основа за транспарентна влада и влада без корупција.