/ Прочитано:

975

Црниот лабрадор Адон раскопа 13 килограми марихуана скриени во џип на Табановце

Четврток, 11 април 2013 – Вчера околу 20 часот, за излез од Македонија на граничниот премин Табановце пристигнал албански џип управуван од албански државјанин со иницијали М.Б. и сопатникот Ф.С исто така албански државјанин. Мобилната царинска екипа која во тој момент вршела контрола на граничниот премин го селектирала возилото за преглед. Тогаш настапил Адон, црниот царински лабрадор кој веќе стана недостижен во откривањето на дрога. Неговата муцка надушкала 13 килограми марихуана сокриена во внатрешниот дел на вратите на возилото. 

На граничнот премин Табановце вчера околу 20 часот во редот за контрола се поставил џип со албански таблички, а во него се наоѓалеМобилната царинска екипа која во тој момент вршела контрола на граничниот премин го селектирала возилото за преглед. Тогаш настапил Адон, црниот царински лабрадор кој веќе стана недостижен во откривањето на дрога. Откако Адон намирисал дека во џипот има дрога почнал вознемирено да копа во делот каде што била сокриена марихуаната што било знак дека треба да се направи детална контрола на возилото.

Од спроведената предистражна постапка, утврдено е дека осомничените имале намера да ја превезат марихуаната од Албанија до Будимпешта, Унгарија, каде што едниот од нив требало да се сретне со својата поранешна девојка. Осомничените меѓусебно не се познавале. Нив ги запознало лице кое е организатор на целокупниот транспорт, исто така албански државјанин на денот на тргнувањето. За транспортот на дрогата, ден пред тргнувањето било изнајмено возило во кое подоцна била сместена марихуаната.

Цената на западноевропскиот пазар, за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 30 илјади евра, додека во малопродажба може да достигне и до 60 илјади евра. Од почетокот на годината, во 14 обиди, Царинската управа спречила пренос на околу 530 килограми опојни дроги и наркотици.
Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори до надлежното Јавно обвинителство, а сторителите ќе биде изведени пред надлежен истражен судија, информира Царинската управа.