/ Прочитано:

707

Турски писател осуден за навреда на Ердоган

Среда, 24 септември 2014 – Турскиот писател Ерол Озкорај осуден е на една година услова казна, бидејќи го навредил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата книга за минатогодишните масовни антивладини демонстрации.

Судот во Истанбул го осуди Озкорај на 11 месеци и 20 дена затвор.

Озкорај е осуден бидејќи „јавно навредил државен службеник“, и „го нарушил достоинството и честа на Ердоган во очите на јавноста“.

Книгата „Феноменот Гези“, Озгорај ја напиша заедно со сопругата. Во неа се опишани демонстрациите кои започнале во јуни минатата година како мал протест против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, но подоцна се прошири ширум земјата како масовен протест против Ердоган.