/ Прочитано:

669

ТУРЦИЈА: Приведени синовите на тројца министри поради злоупотреби на тендери

Вторник, 17 декември 2013 – Турската полиција денеска ги приведе синовите на тројца министри во рамки масовната антикорупциска операција насочена против злоупотребите поврзани со јавните набавки, јавија турските медиуми.

Тројцата приведени се идентификувани како синови на министрите за внатрешни работи, за економија и за животна средина и градежништво, наведува турскиот весник „Хуриет“.

Полицијата засега не ги коментира извештаите на медиумите. Во операцијата досега се приведени 22 лица, а на сослушување е повикан и еден градоначалник, чие име не е соопштено.

Меѓу приведените има бизнисмени и познати личности во земјата, како на турскиот милијардер Али Агаоглу и сопругот на познатата турска пејачка и актерка Ебру Ѓундеш, Реза Зараб.