/Прочитано:

441

„Тврдина 2“ ќе продолжи на 3 јули

На главната расправа по предлог на надлежен обвинител од СЈО, без присуство на јавноста во судницата, беше прочитан обвинителниот предлог, а потоа во присуство на јавноста, обвинетите се произнесоа во однос на вината. Главната расправа продолжува на 3 јули во 11:00 часот со доказна постапка.

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска започна судењето по предметот со К.бр. 1905/16 во кој Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) гони 7 лица за кривичното дело фалсификување службена исправа.

На главната расправа по предлог на надлежен обвинител од СЈО, без присуство на јавноста во судницата, беше прочитан обвинителниот предлог, а потоа во присуство на јавноста, обвинетите се произнесоа во однос на вината.

Главната расправа продолжува на 3 јули во 11:00 часот со доказна постапка.

Инаку, на денешното судско рочиште за овој предмет, кој во јавноста е познат под името „Тврдина 2“, судијката Лидија Петровска ги прифати доказите што ги достави Специјалното јавно обвинителство, со кои го поткрепува обвинението за поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК, кои се товарат дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.

Осомничените се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се товарат.

Одбраната на обвинетите во случајот „Тврдина 2“ прво побара Судот да го отфрли обвинението затоа што се засновало врз незаконски прибавени докази.

Според обвинителите од Специјалното јавно обвинителство пак, без разлика што станува збор за класифицирани докази, тие се прибавени на законит начин, односно поднесено е барање до Управата за безбедност и контраразузнавање која сите докази ги доставила до СЈО.