/ Прочитано:

913

Уапсен мафијашот што беше инспирација на Мартин Скорсезе за филмот Goodfellas

Петок, 24 јануари 2014 – Обвинителството во Њујорк подигна обвинение против еден од членовите на фамилијата Бонано, поради спектакуларен грабеж на пари и дијаманти од авион на Луфтханза пред повеќе од 35 години.

Обвинетиот е сега остарениот мафијаш Винсент Асаро, а целата приказна за кражбата на дијаманти му послужи на режисерот Мартин Скорсезе да го направи ганстерскиот хит „Добри момци“.

Асаро со уште четворица во 1978 година, на њујоршкиот аеродром ЈФК од авионот украле пет милиони долари во готово и околу еден милион вреден накит.

Сегашната вредност на грабежот се проценува на 20 милиони долари.