/ Прочитано:

683

„УДАР“: Притвор за претседателот на Кумановскиот суд и уште шестмина осомничени

Петок, 9 октомври 2015 – Судија на претходна постапка им определи 30-дневен притвор на седуммина од вчера приведените во рамки на полициската акција „Удар“, меѓу кои и на претседателот на Основниот суд Куманово, Муса Сулејмани. 

„Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, вчера, беа спроведени 11 лица, од кои дел осомничени за кривичните дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службена положба, а дел и за Изнуда, Лихварство и Криумчарење мигранти како и предлог од ОЈО за Организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување.

Судија на претходна постапка при овој суд, по разгледување на обвинителниот предлог, ценење на доказите и фактите приложени во предлогот како и сослушување на осомничените, утврди дека:

За осомничените – С.И., Н.И., Б.И., Ш.И., А.Н., А.А. и М.С. постојат околностите за опредлеување мерка притвор од чл. 165, ст. 1, 2 и 3 односно опасност да се даде во бегство, околности кои укажуваат дека може да ја попречуват кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело, па затоа на сите 7 осомничени им опредлеи мерка притвор во траење од 30 дена“, информираа од Судот.

На тројцата од осомничеите им е  определена мерки за претпазливост, односно одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, обврска повремено да се јавува во судот и забрана да не го напушта живеалиштето, додека на еден куќен притвор.

За едно лице кое е недостапно на органите за прогон издадена е наредба за приведување.

Дванаесет лица на возраст од 24 до 60 години, меѓу кои претседателот на Основниот суд Куманово беа приведени вчера во рамки  на акцијата на полицијата „Удар“.  Претседателот на Основениот суд Куманово, според МВР, за посредување во судски предмет за сторено кривично дело „Убиство“ извршено во 2012 година примил поткуп од 19 илјади евра.

Судскиот совет на Република Македонија  на итна седница, поради спроведената полициска акција, донесе одлука по поднесено барање од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје за одземање на имунитетот на Сулејмани.

>> АКЦИЈА „УДАР“: Претседателот на Кумановскиот суд осомничен за посредување во предмет за убиство