/ Прочитано:

1.759

УЈП: 1 јануари 2017 година е краен рок за поднесување барање за паушално оданочување на земјоделците

УЈП истакнува дека доколку се веќе регистрирани некои од земјоделците и им е доделен даночен број како вршител на земјоделска дејност, треба да поднесат само барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност, односно образец ПДД-ПЗ. Меѓу поволностите за регистрираните вршители на земјоделска дејност во УЈП се: целосно ослободување од персонален данок доколку приходот во 2016 година изнесува до 300.000,00 денари, даночни олеснувања од 80 проценти од остварениот приход доколку се движат над 300.000,00 до 1.300.000,00 денари и ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите доделени од државата.

????????????????????????????????????

Земјоделците кои во 2016 година оствариле приход кој не надминува  1.300.000,00 денари, до 31 јануари 2017 година можат да поднесат барање за паушално оданочување до Управата за јавни приходи.

„Без разлика дали земјоделството им претставува основна дејност или дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување им овозможува на земјоделците да го плаќаат персоналниот данок еднаш во годината без дополнителни трошоци за водење делови книги“, се наведува во соопштението од Управата за јавни приходи.

За да можат да се регистрираат за паушално оданочување, до 31 јануари 2017 година на шалтерите на УЈП земјоделците треба да поднесат: 

Образец УЈП-РДО/З – пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност, кој може да се преземе на интернет-страницата на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/104), како и образец ПДД-ПЗ – барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност, кое исто така може да се преземе на интернет-страницата на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/103).

УЈП истакнува дека доколку се веќе регистрирани некои од земјоделците и им е доделен даночен број како вршител на земјоделска дејност, треба да поднесат само барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност, односно образец ПДД-ПЗ.
Меѓу поволностите за регистрираните вршители на земјоделска дејност во УЈП се: целосно ослободување од персонален данок доколку приходот во 2016 година изнесува до 300.000,00 денари, даночни олеснувања од 80 проценти од остварениот приход доколку се движат над 300.000,00 до 1.300.000,00 денари и ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите доделени од државата.

Доколку земјоделската дејност е дополнителна, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 отсто од остварениот приход и ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите. Во текот декември и јануари УЈП организира и обуки за земјоделците на тема „Пријавување и оданочување на приходи од земјоделска дејност на физички лица кои се оданочуваат во паушален износ“.

„Доколку имате промени само во личните податоци (адресa, телефонски број и е-пошта), во тој случај промената на регистрационите податоци можете да ја пријавите преку инфо-центарот на УЈП на тел. 0800 33 000.
Доколку пак имате промени во податоците за работна активност, податоци за членовите на СЗС, трансакциска сметка, должни сте да поднесете пријава за регистрација за промена на податоци (
образец УЈП-РДО/З).
Точноста на регистарските податоци е неопходна поради достава на пријави, решенија, известувања, навремено информирање на даночните обврзници, водење на евиденцијата за даночниот обврзник“, појаснуваат од УЈП.

УЈП информира дека проверката на даночни долгови и плаќање на персонален данок може да се прави преку интернет.
„Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери за да извршите преглед на даночните долгови, проверка на вашите регистрациони податоци и плаќање на персоналниот данок од земјоделска дејност.
Со услугата на УЈП „е-плаќање на даноци“ земјоделците можат да ги проверат регистрационите податоци преку интернет, да вршат онлајн преглед на платени и неплатени даночни обврски, како и да вршат плаќање на персоналниот данок од земјоделска дејност со безготовинска картичка.
Постапката на регистрација за е-плаќање на даноци е бесплатна, а потребно е само да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис е-плаќање на даноци 
https://etax.ujp.gov.mk“, се вели во соопштението на УЈП.

А. Б.