/ Прочитано:

1.697

УЈП: До 15 февруари да се поднесе извештај за уплатениот данок по задршка

УЈП лого

Домашните правни лица, домашните физички лица – регистрирани за вршење дејност, странските правни лица или странските физички лица (нерезиденти) со постојана деловна единица во Република Македонија, кои вршат исплати на приходи кон странско правно лице и кои подлежат на оданочување со задржан данок во согласност со Законот за данокот на добивка, должни се при исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот.

Исплатувачот на приходот кој имал обврска да изврши задржување на данокот во 2016 година има обврска до Управата за јавни приходи да достави Извештај за уплатениот данок по задршка (образец „ДД-И“), најдоцна до 15 февруари 2017 година.

Образецот може да се преземе од веб-страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/76).
Извештајот се доставува до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку 
http://etax.ujp.gov.mk.