/ Прочитано:

2.378

УЈП: Граѓаните имаат уште една седмица да поднесат годишна даночна пријава

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека работното време во регионалните дирекции во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово, во Дирекцијата за големи даночни обврзници – Скопје во зградата на ССМ, како и во даночните одделенија во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар, е секој работен ден од 08.30 до 18.00 часот и во сабота од 08.30 до 14.00 часот.

Управата за јавни приходи потсетува дека крајниот рок за поднесување на годишната даночна пријава е на 15 март, така што граѓаните имаат уште една недела да ги пријават приходите во УЈП.

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека работното време во регионалните дирекции во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово, во Дирекцијата за големи даночни обврзници – Скопје во зградата на ССМ, како и во даночните одделенија во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар, е секој работен ден од 08.30 до 18.00 часот и во сабота од 08.30 до 14.00 часот.

Исто така, даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово се отворени секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот.

Мобилните даночни шалтери http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/316)

За точна адреса, локација и работно време на даночните канцеларии, дополнителни информации може да се добијат и на http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt

А. Б.