/ Прочитано:

1.407

УЈП – ИЗМЕНИ НА ОБРАЗЕЦ: „Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските“

Вторник, 17 февруари 2015 – Со цел поедноставување на исполнување на законска обврската на нотарите согласно Законот за финансиска дисциплина, Управата за јавни приходи изврши измена на образецот „Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски“ (УЈП-ДИ-З.2-03).

Изменетиот образец Известување УЈП-ДИ-З.2-03/2 е објавен на веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/155) и важи од 16.02.2015 година.

Управата за јавни приходи може да врши редовен или вонреден надзор на деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор, кај кои е пречекорен законскиот рок за плаќање на обврските (согласно член 12 и 13 од Законот за финансиска дисциплина).

Доколку должникот нема да ја исполни паричната обврска во законските рокови предвидени со член 5, 6 и 7 од Законот за финансиска дисциплина, а доверителот поднесе тужба до надлежен суд / предлог за извршување до извршител / предлог за платен налог до нотар, во вакви случаи судот, извршителот или нотарот се должни да достават Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски УЈП-ДИ-З.2-03.

Известувањето УЈП-ДИ-З.2-03 се поднесува до надлежната Регионална дирекција / Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП, односно во дирекцијата на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор. За утврдување на надлежната дирекција на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор, преземете го документот „Месна надлежност на дирекции на УЈП_16.01.2015“ (кликни тука).