/ Прочитано:

2.508

УЈП ја објави најновата Листа на должници 1/2017

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.  Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

????????????????????????????????????

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 1/2017 за долгови достасани до 30.9.2016 и неплатени до 31.12.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

       повисок од 120.000,00 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и

       повисок од 300.000,00 денари за правните лица.

На најновата листа се наоѓаат повеќе од 4 500 правни, физички лица и јавни претпријатија. Во горниот дел од Листата како должници се јавуваат ЈП „Македонска радио-телевизија“, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“ – Прилеп, „АМАК СП“ АД Охрид, АД „Отекс“ Охрид и други.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати:

       до надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување и

       до Царинската управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.