/ Прочитано:

1.083

УЈП ја објави најновата листа на должници

На листата се наоѓаат 4459 правни и физички лица кои според горенаведените основи се сметаат за должници. Во горниот дел на листата се наоѓаат ЈП „Македонска радио-телевизија“, АД „11 Октомври Еурокомпозит“, АМАК СП АД Охрид и други правни и физички лица.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.7/2017 за долгови доспеани до 30.3.2017 и неплатени до 30.6.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата се наоѓаат 4459 правни и физички лица кои според горенаведените основи се сметаат за должници. Во горниот дел на листата се наоѓаат ЈП „Македонска радио-телевизија“, АД „11 Октомври Еурокомпозит“, АМАК СП АД Охрид и други правни и физички лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка.  Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

  • надлежната регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.