/ Прочитано:

1.416

УЈП ја објави најновата листа на должници – бр.4/2017

На листата се наоѓаат повеќе од 4.200 физички и правни лица. Во горниот дел од листата се наоѓаат: ЈПЦО „Македонија пат” - Скопје, ЈП „Македонска радио-телевизија”, „Комуналец“ ЦОЈП за комунални дејности Гостивар, „11 октомври - Еурокомпозит“ - Прилеп, Јавно комунално претпријатие Тетово, „Амак СП“ АД - Охрид и други должници.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.4/2017 за долгови доспеани до 31.12.2016 и неплатени до 31.3.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

– повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност  и – повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата се наоѓаат повеќе од 4.200 физички и правни лица. Во горниот дел од листата се наоѓаат: ЈПЦО „Македонија пат” – Скопје, ЈП „Македонска радио-телевизија”, „Комуналец“ ЦОЈП за комунални дејности Гостивар, „11 октомври – Еурокомпозит“ – Прилеп, Јавно комунално претпријатие Тетово, „Амак СП“ АД – Охрид и други должници.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка.  Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до: – надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување; и – Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.