/ Прочитано:

2.170

УЈП ја објави најновата листа на должници

На листата се наоѓаат повеќе од 4 500 должници, меѓу кои јавни претпријатија, акционерски друштва, ДОО, ДООЕЛ и други правни и физички лица. Во горниот дел од најновата листа на должници се наоѓаат „ОТЕКС“ АД Охрид, ЈП за комунални дејности „Комуналец“ Гостивар, Јавното комунално претпријатие од Тетово, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“ од Прилеп и други.

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 2/2017 за долгови достасани до 31.10.2016 и неплатени до 31.1.2017 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000,00 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
  2. повисок од 300.000,00 денари за правните лица.

На листата се наоѓаат повеќе од 4 500 должници, меѓу кои јавни претпријатија, акционерски друштва, ДОО, ДООЕЛ и други правни и физички лица.

Во горниот дел од најновата листа на должници се наоѓаат „ОТЕКС“ АД Охрид, ЈП за комунални дејности „Комуналец“ Гостивар, Јавното комунално претпријатие од Тетово, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“ од Прилеп и други.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.

Даночниот обврзник доколку не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

– надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување и

– до Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

 

/ Прочитано:

237

УЈП ја објави најновата Листа на должници

Даноци

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 12/2016 за долгови достасани до 31.8.2016 и неплатени до 30.11.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000,00 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
  2. повисок од 300.000,00 денари за правните лица.

На Листата се наоѓаат повеќе од  4 500 трговски друштва, јавни претпријатија и физички лица. Во горниот дел на Листата како должници се јавуваат ЈП „Македонија пат“, „Македонски шуми“, „НАМА“ АД Куманово, ЈП „Македонска радио-телевизија“, ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Р Македонија, Македонска радиодифузија – Скопје,  ЈПЦО Скопје и други.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП – за долговите објавени врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • до Царинската управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за долговите објавени врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.