/ Прочитано:

997

УЈП: Насоки за поднесување на даночни биланси за единките корисници на буџетски средства

Петок, 27 февруари 2015 – Единките корисници на буџетски средства не се обврзници на данокот на добивка за средствата кои ги добиваат од Буџетот на РМ, од Буџетите на единиците на локалната самоуправа, од Буџетот на градот Скопје и од Буџетите на фондовите за вршење на целите, на активностите и на надлежностите за кои се основани, дадени со цел реализирање на одредени програми и цели утврдени во согласност со нивниот статут и програма, не се предмет на оданочување, односно не влегуваат во даночната основа на која се пресметува и на која плаќа данокот на добивка, информираат од УЈП.

„Доколку наведените корисници на буџетски средства остваруваат приходи од вршење на стопанска дејност и тие се наменети за финансирање на расходи за стопанска дејност, за нив постои обврска за пресметка и уплата на данок на добивка, со поднесување на Даночен биланс за оданочување на добивка (образец ДБ). Овие приходи и расходи треба да бидат евидентирани на посебна сметка“, посочуваат од УЈП.

 >> За повеќе информации во врска со начинот на пополнување и поднесување на Даночен биланс (образец ДБ), информирајте се  тука.