/ Прочитано:

896

УЈП: Ново Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор

Петок, 3 октомври 2014 –  Управата за јавни приходи изготви ново „Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“ чија  цел е информирање на јавноста за надлежностите и активностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, начинот и формата на поведување на постапката на надзор при неисполнување на паричните обврски помеѓу економските оператори од приватниот сектор, постапката на известување на УЈП, санкции за прекршителите…

  • Економски оператори од приватен сектор (трговско друштво, трговец поединец основан согласно со Законот за трговските друштва; и физички и правни лица кои вршат профитна дејност и се регистрирани согласно со закон) имаат обврска да го спроведуваат Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на РМ“, бр.187/2013) од 1 Мај 2014 година за деловните трансакции меѓу економските оператори од приватниот сектор, настанати од 1 Мај 2014 година.
  • Управата за јавни приходи има надлежност за спроведување на надзор над спроведувањето на Законот за финансиска дисциплина преку инспекциски надзор во приватниот сектор почнувајќи од 1 Јануари 2015 година, за деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор.

Упатството е наменето пред сѐ за економските оператори од приватен сектор, како и за судовите, извршители и нотари како надлежни подносители на барањата за спроведување на надзор до УЈП.

>> „Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“