/ Прочитано:

2.023

УЈП: Ново Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови

Петок, 26 септември 2014 – Управата за јавни приходи изготви ново „Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови“ кое обезбедува насоки за имплементаторите на проекти и вршителите на промет на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови, а со цел правилно спроведување за постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување пропишано со член 24-а и 53-а од Законот за данокот на додадена вредност.

 Упатството обезбедува информации за:

– начинот и роковите за поднесување на Пријава за промет на добра и услуги ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ПЕФ-ДО) до УЈП;

– начинот на издавање и сторнирање на Фактура за промет ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ФП-ДО);

– начинот и роковите за поднесување на Eвиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец ДДВ-ЕПФ);

– користење на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk во постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување.