/ Прочитано:

918

УЈП: Плаќајте даноци преку интернет со безготовинска картичка

Вторник, 6 октомври 2015 – Управата за јавни приходи иформира дека отсега даноците можат да се плаќаат и преку интернет со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка.

„Единствено што треба да направите, како што посочуваат од УЈП,  е да се регистрирате и да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ https://etax.ujp.gov.mk.

Услугата „е-Плаќање на даноци“ ви овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање, и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед и плаќање на вашите даночни долгови за Персонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса“, истакнуваат од УЈП.