/ Прочитано:

1.499

УЈП: Пресметување и плаќање на придонесите за хонорари заклучно со 31 јули

Четврток, 6 август 2015 – Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Сл. весник на РМ“, бр.129/15), кој се применува од 1 август 2015 година, пресметување и плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување се врши за исплата на надоместоците по основ на договори за дело и/или авторски договори или други договори заклучно со 31 јули 2015 година, информираат од УЈП.

За надоместоците по основ на договори за дело и/или авторски договори или други договори кои се исплатуваат по 31 јули 2015 година не се врши пресметување и плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување.

Воедно, правното лице-исплатувач има обврска на Управата за јавни приходи да и доставува месечен извештај по основ на договорите за дело, авторските договори или други договори со кој е утврден надоместок за извршената работа, за исплатите извршени заклучно со 31 јули 2015 година.

За исплатите кои ќе се вршат по 31 јули 2015 година правното лице-исплатувач нема обврска на Управата за јавни приходи да и доставува месечен извештај по основ на договорите за дело, авторските договори или други договори. Насоки за поднесување на МПИН пресметка за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво

Обврзник за плаќање и обврзник за поднесување на пресметка и за уплата на придонесите. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување утврдена е обврската за плаќање на Придонес за пензиско и инвалидско осигурување (ППИО) и Придонес за здравствено осигурување (ПЗО) за паричен надоместок на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување, за исплатите на надоместокот по 31 јули 2015 година. Обврзник за пресметка и уплата на придонесите е исплатувачот на паричен надоместок на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување. Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите 

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, е износот од дванаесет просечни плати. Рокови за поднесување на МПИН пресметки и за плаќање на придонесите

Обврзникот за пресметка и уплата на придонесите – исплатувачот на паричен надоместок е должен пресметката на придонесите и надоместокот за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигуран по основ на работен однос или самовработување, да ја врши поединечно за секој осигуреник, врз основа на основиците утврдени во ЗПЗСО. Податоците за пресметаните придонеси и надоместок, исплатувачот на паричен надоместок, е должен да ги доставува до Управата за јавни приходи пред исплатата на надоместокот, по електронски пат. Ова значи дека МПИН пресметката се доставува до Управата за јавни приходи, пред да се изврши исплатата на надоместокот, односно доколку во месецот не се врши исплата по овој основ, исплатувачот нема обврска за поднесување на МПИН образецот.

Исплатата на надоместокот за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по основ на работен однос и самовработување, се врши преку налогот за плаќање ПП53 истовремено со уплата на придонесите за ППИО и ПЗО, како и персоналниот данок на доход. Ова значи дека исплатувачите на надоместоци сите исплати кои ќе ги извршат по овој основ по 31 јули 2015 година се должни истото да го сторат преку налогот за плаќање ПП53, на начин и постапка утврдена со ЗПЗСО.

Поднесување на МПИН пресметка од страна на обврзник – исплатувач на паричен надоместок