/ Прочитано:

1.980

УЈП: Продолжува ослободувањето од плаќање на персонален данок за капитална добивка oд продажба на хартии од вредност

Вторник, 24 ноември 2015 – Продолжува ослободувањето од плаќање на персонален данок на доход за капитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, информираа од УЈП.

„Ги информираме даночните обврзници дека со Законот за изменување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.199 од 13.11.2015 година) продолжува ослободувањето од плаќање на персонален данок на доход за капитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, односно капитална добивка остваренa со продажба на хартии од вредност не се оданочува до 31.12.2018 година“, се вели во соопштението на УЈП.