/ Прочитано:

1.169

УЈП воведе услуга за електронско плаќање на персоналниот данок

Четврток, 1 октомври 2015 – Управата за јавни приходи (УЈП) воведе услуга  „Е-плаќање на даноци“ преку која, како што истакнуваат оттаму, можете да вршите електронско плаќање и проверка на состојбите за персоналниот данок, од било кое место и во секое време.

„Постапката на регистрација за е-Плаќање на даноци е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат! Креирајте ваш кориснички профил на електронскиот сервис е-Плаќање на даноци https://etax.ujp.gov.mk со избор на менито „Регистрирај се“ и следете ја процедурата.

Услугата за е-Плаќање автоматски е овозможена (без дополнителна регистрација) на регистрираните корисници на е-Радиодифузна такса. На граѓаните (обврзници на ПДД) кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, автоматски им е овозможена (без дополнителна регистрација) услугата е-Плаќање на даноци“, информираат од УЈП.

Електронско плаќање на даноци со безготовинска картичка

Електронско плаќање на даноци со безготовинска картичка Услугата за е-Плаќање на даноци со безготовинска картичка можат да ја користат граѓаните за плаќање на персоналниот данок. Граѓаните можат да вршат он-лајн плаќање на Персоналниот данок со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.

Во однос на он-лајн проверката на даночните долгови е-Плаќање на даноци, од УЈП  појаснуваат дека услугата овозможува граѓаните да вршат он-лајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени даночни обврски за персонален данок.

„На овој начин во секое време можете да ја проверувате последната состојба на вашите даночни долгови, вклучувајќи ги и долговите за Радиодифузна такса и ДДВ“, посочуваат од УЈП.