/ Прочитано:

5.827

УКИМ го објави конкурсот за упис на студенти во академската 2017-2018 година

Во согласност со член 110 Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката на Владата на РМ за бројот на студентите за запишување во прва година на државните високообразовни установи во учебната 2017/2018 година, (бр.44-2758/1 од 16.6 2017 година), Одлуката на Владата на РМ за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство во РМ во прва година на државните високообразовни установи во учебната 2017/2018 година (бр.44-2754/1 од 16.6 2017 година), Одлуката на Владата на РМ за утврдување на бројот на квоти по студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнина во рамки на државните квоти, односно во рамките на квотите со кофинансирање на студиите во учебната 2017/2018 година (бр.44-2758/2 од 16.6 2017 година), и Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 02-335/2, донесена на 216. седница одржана на 20 март 2017 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува:

К О Н К У Р С за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2017/2018 година.

Конкурс за запишување на студенти 2017-2018