/ Прочитано:

853

Укината пресудата за „Фими Медиа“ – Санадер на слобода ако плати кауција од 1,5 милиони евра

Петок, 2 октомври 2015 – Врховниот суд  ја укина пресудата за поранешниот премиер на Хрватска  Иво Санадер, во случајот „Фими медиа“. Tој ќе излезе од затвор ако плати кауција од 12,4 милиони куни или нешто повеќе од 1,5 милиони евра, информираше вчера Загрепскиот жупаниски суд, пренесуваат хрватските медиуми.

Врховниот суд вчера ја заврши тридневната седница на која се расправаше за жалбите во најголемата корупциска афера во хрватската политика – „случајот Фими медиа“, во која покрај Санадер, кој е неправосилно осуден на девет години затвор, за извлекување на пари од државните институции и фирми неправосилно е осудена и неговата поранешна партија ХДЗ. 

Одлуката на Врховниот суд е значајна поради фактот што поранешниот премиер, против кого се покренати пет големи антикорупциски случаи, после неколку години во притвор може да излезе физички на слобода.

Санадер, во моментот се наоѓа во притвор исклучиво на основа на пресудата за „Фими Медиа“, и тоа поради законската одредба дека притвор автоматски им се одредува на обинетите кои се осудени на пет или повеќе години затвор.