/ Прочитано:

797

Советување: „Прaвото и политикaтa нa заштитата на конкуренцијата во ЕУ – искуствата и предизвиците на Хрватска после влегувањето во ЕУ“

Четврток, 30 октомври 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија, организира советување на тема „Правото и политиката на заштитата на конкуренцијата во ЕУ – искуствата и предизвиците на Република Хрватска после влегувањето во ЕУ“. 

Советувањето е наменето за судии од Управниот суд и Вишиот управен суд, како и за кривични судии и јавни обвинители.

Целта на советувањето е преку Проектот „Спроведување на ЕУ политиката за конкуренција и државна помош“ кој се спроведува во рамките на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија, а кој е финасиран од Британската амбасада, судиите и јавните обвинители да се запознаат со правото и политиката на заштита на конкуренцијата во ЕУ.

Предавач на ова советување ќе биде Младен Церовац, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Хрватска.

Со воведно обраќање настанот ќе го отворат: Анета Арнаудовска, директор на Академија за судии и јавни обвинители и Благој Чурлинов, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата.