/ Прочитано:

2.002

Усогласување на Законот за постапување по претставки и предлози со Законот за прекршоците

Понеделник, 5 октомври 2015 – Во Собранието на Република Македонија предложени се нови измени на Законот за постапување  по претставки и предлози.

Усогласување во однос на одмерувањето на глобата и водењето на прекршочната евиденција

Целта на Предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување по претставки и предлози, е усогласување на постојниот закон со новиот Закон за прекршоците во однос на одмерувањето на глобата и водењето на прекршочната евиденција.

„Со предложениот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со претставки и предлози ќе се овозможи усогласување на законот со Законот за прекршоците. Законските измени се во насока усогласување на Законот за претставки и предлози  со Законот за прекршоците во однос на одмерувањето на глобата“, се вели во законското образложение.

Издавање на прекршочен платен налог и  водење на евиденција за издадените прекршочни платни налози

Со предложените измени се предвидува издавање на прекршочен платен налог од страна на инспекторот. Во предложените законски измени се пропишува дека управниот инспектор е должен на сторителот на прекршокот да му издаде прекршочен платен налог согласно Законот за прекршоците.

Управниот инспектор е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. Во евиденцијата се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на  сторителот на прекршокот, живеалиште, односно претстојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог и исходот од постапката. Личните податоци се чуваат пет години од денот на внесувањето во евиденцијата.Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува министерот за информатичко општество и администрација.

Судска надлежност за водење на прекршочна постапка и водење на прекршочна евиденција

Исто така, во законските измени, се утврдува судска надлежност за водење на прекршочна постапка и водење на прекршочна евиденција. За прекршоците утврдени со Законот за постапување  по претставки и предлози, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд, се наведува во предложените законските измени.

Разграничување на претставките од иницијативите за вршење инспекциски надзор

М.В