/ Прочитано:

779

Уставен суд: Новинарите се исфрлени од собраниската сала за да се заштитат

Чеврток, 17 април 2014 – Уставниот суд  го одби барањето за заштита на слободите и правата поднесено од шест новинари кое се однесува на настаните во Собранието на Македонија од 24 декември 2012 година.

Судиите го одбиле барањето затоа што оцениле дека физичкото отстранување на новинарите од галеријата на собраниската сала настанало поради конкретна ситуација на ескалација на хаос и безредие, а целта била да се заштитат новинарите и да се обезбеди ред во салата.

Во однос на барањето на Здружението на новинарите на Македонија да им се заштитат слободите и правата, Судот го отфрли бидејќи подносител за такви права може да биде само физичко лице.