/ Прочитано:

1.990

Уставниот суд не може да ја оценува уставноста на помилувањата затоа што тие веќе не постојат во правниот поредок

„Во овој случај, имајќи ги предвид наведените уставни и деловнички права и, пред сè, фактот што оспорените одредби по поднесувањето на иницијативата престанале да важат, и со самото тоа веќе не се дел од правниот поредок, цениме дека не постојат процесни претпоставки за нивно оценување, односно не можат да бидат предмет на оценување на уставноста пред овој Суд“, рече Старова.

Уставен суд

Известителот за Иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, уставната судијка Гзиме Старова, смета дека Уставниот суд треба да ја отфрли Иницијативата.

Членот 28 од Деловникот на Уставниот суд предвидува Судот да ја отфрли иницијативата доколку постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

„Во овој случај, имајќи ги предвид наведените уставни и деловнички права и, пред сè, фактот што оспорените одредби по поднесувањето на иницијативата престанале да важат, и со самото тоа веќе не се дел од правниот поредок, цениме дека не постојат процесни претпоставки за нивно оценување, односно не можат да бидат предмет на оценување на уставноста пред овој Суд“, рече Старова.

Ниту еден од уставните судии не се јави за расправа. По завршувањето на седницата, уставните судии треба да гласаат дали ќе поведат постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби.

Како што потврдуваат од Судот, уставните судии ја отфрлиле иницијативата бидејќи со поништување на одлуките за помилување тие повеќе не се дел од правниот поредок.

На 12 април годинава, претседателот Иванов ги донесе одлуките за помилување на 56 политичари и нивни соработници. Тоа предизвика револт кај граѓаните и тие во повеќе градови низ Македонија излегоа на улица за да го искажат револтот.

По силниот домашен и меѓународен притисок, на 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите само за политичарите, а подоцна, на 6 јуни, беа повлечени сите аболиции.

М. С.