/ Прочитано:

643

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативи на одредби од повеќе закони

Среда, 4 март 2015 – Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница не поведе постапка по иницијативи поднесени на одредби од Законот за внатрешни работи, од Законот за стечај, од Законот за судските такси, како и од Законот за управните спорови.

Судиите не поведоа постапка и за одредби од Колективниот договор на Министерството за одбрана, од Тарифниот систем за пренос и за пазар на електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика, како и за член од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците и „Макпетрол“ АД-Скопје, од 29 март 2010 година.

На денешната седница беше отфрлена иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за прифаќање на исплатениот надомест како справедлив надомест на име нематеријална штета, донесена од Владата на Република Македонија во 2009 година.

Преглед на одредбите по кои беа поднесени иницијативи за оценување на уставноста и законитоста:

1. Член 73 став 2 алинеја 2 и член 169 став 4 од Законот за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија”, број 42/2014)

2. Член 12 став 2 во делот: „како и жалбата за која не е платена судска такса” од Законот за стечај (“Службен весник на Република Македонија”, број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/2011, 79/2013, 164/2013 и 29/2014) и

– член 6 став 3 од Законот за судските такси (“Службен весник на Република Македонија”, број 114/2009, 148/2011 и 106/2013).

3. Член 49 и член 63 став 1 од Законот за управните спорови („Службен весник на Република Македонија“ бр.65/2006 и 150/2010).

4. Член 129 во делот: „и подзаконските прописи кои се донесени врз нивна основа“ и член 130 став 1 во делот: „и подзаконските прописи кои се донесени врз основа на нив“ од Колективниот договор на Министерството за одбрана („Службен весник на Република Македонија“ бр.108/2013).

5. Член 176 во целина и посебно ставот 5 од истиот член од Одлуката за комунален ред на Општина Штип бр.07-8437/1 од 5 ноември 2013 година („Службен гласник на општина Штип“ бр.16/2013) донесена од Советот на општина Штип.

6. Член 3 став 1 алнинеи 1 и 3 и сав 2 алинеи 1 и 3 од Тарифниот систем за пренос и за пазар на електрична енергија бр.01-564/1 донесен на 28.02.2014 година од Регулаторната комисија за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/2014)

7. Член 67 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците и „Макпетрол“ АД-Скопје бр.0402-186/1 од 29 март 2010 година.

8. Член 1, во делот „исплатениот“, од Одлуката за прифаќање на исплатениот надомест како справедлив надомест на име нематеријална штета, бр.19-5943/1, донесена од Владата на Република Македонија на 10 ноември 2009 година, и

– Барање за заштита на слободи и права на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните, повредно со Одлуката бр.19-5943/1 од 10 ноември 2009 година.