/ Прочитано:

5.062

Уставниот суд поведе постапка за членот 29, став 2, точка 5 од Законот за трговските друштва

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста на членот 29, став 2, точка 5 од Законот за трговските друштва

Член 29 од Законот за трговските друштва се однесува на лицата кои можат, односно лица кои не можат да основаат друштво. Во точката 5 од  ставот 2 на овој член за кој Уставниот суд поведе постапка се вели дека трговско друштво не можат да основаат содружниците, управителите и членовите на органот на управување и органот на надзор на друштвата за кои во согласност со Законот за трговските друштва е започната постапка за бришење додека трае таа постапка и во период од три години од денот на објавата на бришењето на друштвото на веб- страницата на Централниот регистар, освен основачите, односно содружниците кои се меѓународни финансиски организации чија членка е Република Македонија и чие учество во основната главнина на друштвото е под 50%.

За уставните судии е спорна законската спреченост од три години за овие лица да основаат трговско друштво и се сомневаат дека оваа одредба е во согласност со членот 55 од Уставот на Република Македонија, со кој се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката, се пропишува во овој член, обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.

М.В