/ Прочитано:

692

Уставниот суд поведе постапка за одредби од Законот за внатрешни работи

Среда, 1 април 2015 – Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 73 став 2 алинеја 2 од Законот за внатрешни работи.

Според оспорената одредба од Законот за внатрешни работи, кандидатите при засновање работен однос во Министерствотоза внатрешни работи пополнуваат пријава за засновање работен однос во Министерството во која треба да приложат доказ за неизречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Според наводите од Иницијативата, со оспорениот член 73 став 2 алинеја 2 од Законотсе наметнувала обврска за граѓанинот да ја докажува својата неосудуваност пред Министерството за внатрешни работи за да може да се стекне со право на работа. Тоа предизвикувало негативен психолошки ефект врз чувството, достоинството и угледот на граѓанинот, а во согласност со одредбата од членот 106 став 5 од Кривичниот законик се забранува од граѓаните да се бараат докази за нивната осудуваност или неосудуваност, уредено во функција на заштита на човековото достоинство.

Според ставот 5 од членот 106 од Кривичниот законик никој нема право да бара од граѓаните да поднесуваат докази за својата осудуваност или неосудуваност“, се наведува во Иницијативата, во која се додава и декапочитувањето на моралниот интегритет и достоинството на граѓанинот во себе ја инкорпорира и улогата на државата да гарантира заштита на интегритетот и достоинството на човекот и граѓаните.

За Судот не е спорно дека забраната за вршење на дејност изречена со осудителна пресуда мора да биде ефективна, односно дека не може да се дозволи лицето под таква забрана да ја врши таа дејност сè додека трае забраната, меѓутоа утврдувањето на тој факт не може да биде обврска на поединецот кој е во прашање, туку на надлежниот орган што врши вработување и што ја утврдувал таа законска обврска, кој ја има на располагање службената казнена евиденција како инструмент за правилно применување на Законот.

Поради наведеното, уредувањето со оспорениот член 73 став 2 алинеја 2 од Законот за внатрешни работи, според Судот не е во согласност со одредбите од членот 8 став 1 алинеја 3, член 11, член 25 и член 51 од Уставот на Република Македонија.

Подносител на Инцијативата е познатиот македонски правник, Стамен Филипов.

M.В