/ Прочитано:

798

Утре ќе се одржи финалето на симулираното судење од областа на кривичното процесно право

На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев “ во Штип утре ќе се одржи финалето на симулираното судење од областа на кривичното процесно право.

akademik foto 1

На симулираното судење учествуваат студенти од Правниот факултет при УГД, од Правниот факултет „Јустинијан Први“, од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово и од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Оценувањето на студентите финалисти ќе го вршат претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, претседателот на Здружението на судии Џемали Саити и судијата во Врховниот суд Киро Здравев. Координатор на проектот е судијата и професор Лазар Нанев.

Проф. д-р Нанев вели дека преку симулираното судење студентите ги промовираат знаењата, ги развиваат говорните вештини, го градат чувството за правно резонирање, за однесување во судницата и за комуникација со странките и со судиите.

Преку ваквото судење, истакнува професорот, се создава нов пристап во едукацијата за судското право и кривичната постапка, што во голем дел подразбира и воочување на разликите меѓу англосаксонското право и нашето кривично законодавство, особено преку применувањето на  посебните институти од Законот за кривична постапка.

M.В