/ Прочитано:

4.922

Уверенијата и потврдите од казнената и кривичната евиденција наместо во бараките во Градски парк ќе се поднесуваат и ќе се издаваат во зградата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје

Како што информираат од Судот, уверенија дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, како и другите уверенија од прекршочната евиденција отсега ќе се поднесуваат на шалтерот број 14, а ќе се издаваат на шалтер бр. 15, кои се наоѓаат на влезот од судската зграда, каде што воедно се поднесуваат и се издаваат уверенијата од казнената и кривичната евиденција.

Основен суд Скопје 1

Уверенијата и потврдите од казнената и кривичната евиденција наместо во Одделот за прекршоци, односно во бараките во Градскиот парк отсега ќе се поднесуваат и ќе се издаваат во зградата на Основниот суд Скопје 1, која се наоѓа на булеварот „Гоце Делчев“ б. б.

Како што информираат од Судот, уверенија дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, како и другите уверенија од прекршочната евиденција отсега ќе се поднесуваат на шалтерот број 14, а ќе се издаваат на шалтер бр. 15, кои се наоѓаат на влезот од судската зграда, каде што воедно се поднесуваат и се издаваат уверенијата од казнената и кривичната евиденција.

„Промените се воведуваат, пред сè, по барање на граѓаните кои за сопствени потреби најчесто поднесуваат барања за издавање потврди и уверенија и од казнена/кривична и од прекршочна евиденција, што досега се вршеше на две различни места и претставуваше дополнителен товар за странките“, велат од Судот.

Од Судот ги повикуваат сите компании, институции и останатите субјекти, кои за конкретни потреби бараат од граѓаните да им достават какви било потврди/уверенија кои се издаваат од Кривичниот суд во Скопје, да прецизираат каква потврда или какво уверение бараат, бидејќи таканареченото уверение за неосудуваност подолго време наназад не се издава, а наместо тоа се издаваат уверенија/потврди од кривична или од казнена евиденција.