/ Прочитано:

3.119

В четврток и в петок упис на УКИМ за академската 2017/2018 година – новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии

В четврток и в петок (17 и 18 август) ќе биде пријавувањето за упис во прва година во академската 2017/2018 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Според конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за претстојната студиска година, слободни се 10.818 места. Од нив, 5.865 се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3.793 места се за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра годишно и 1.160 за вонредни студенти кои исто така плаќаат 400 евра.

Новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии.

Кандидатите што ќе го пропуштат првиот рок за пријавување оваа недела може да се пријават во вториот рок на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободни места третиот рок за пријавување за упис е на 15 септември.

Во конкурсот на УКИМ се наведени потребните документи и критериумите и условите за упис, меѓу кои е и положена државна матура.

M.В