/ Прочитано:

552

Вчера во Скопје 12 сообраќајки, пајакот отстранил 41 возило

Петок, 25 јули 2014 – Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во која со телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден сопатник.

Според евиденцијата на сообраќајна полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои е потполнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 11 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола и осум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во недела со почеток во 15 часот и 30 минути во општина Илинден по повод одбележување на Денот на општината „Илинден 2014“ ќе се одржи велосипедска трка. Стартот на трката започнува од пред спортската сала „Гоце Делчев“ и продолжува на подрачјето на општина Илинден. Велосипедската трка ќе се одвива во редовен сообраќај и од овие причини сообраќајната полиција апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да ги почитуваат наредбите што ги даваат овластените службени лица со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација.