/ Прочитано:

828

Велосипедско дефиле за „Денот без автомобили“

Понеделник, 22 септември 2014 – По повод 22 септември, Денот без автомобили денеска по скопските улици ќе се одржи дефиле на велосипеди на рута долга 8,2 километри.

Дефилето ќе почне во 11:30 часот од пред Порта Македонија, а потоа велосипедистите ќе се движат по улицата „Димитрие Чуповски“, булеварите „ВМРО“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“, па преку  булеварот „Илинден“ до Школка во Градски парк.

На просторот пред Школка ќе се организира забавна манифестација со уличен сервис за велосипеди, совети за безбедно возење, тетовирање на велосипеди и извлекување на среќни добитници на велосипеди.

Дефилето на велосипеди ќе го предводат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.