/ Прочитано:

1.160

ВИДЕО: До каде граѓаните можат да поднесат претставки против работењето на судиите и претседателите на судови?

„До каде граѓаните можат да поднесат претставки против работењето на судиите и претседателите на судови?“ е насловот на новото видео што го објави Институтот за човекови права.

„Претставките и поплаките против работењето на судиите и претседателите на судови граѓаните отсега ќе можат да ги поднесат во Судскиот совет на РМ наместо како досега до Советот за утврдување на факти кој престана да постои“, образложуваат од Институтот за човекови права.

Во последните измени на Законот за Судскиот совет на Република Македонија е предвидено дека Судскиот совет на Република Македонија е надлежен да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

Од Судскиот совет велат дека од причина што Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија е укинат со Законот за престанување на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, претставките и поплаките од граѓаните и правните лица треба да се доставуваат до Судскиот совет на Република Македонија.

М.В