/ Прочитано:

1.967

Владата донесе заклучок за именувањето на јавен обвинител на Република Македонија

Владата на Република Македонија на 24. седница донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија да го огласи именувањето на јавен обвинител на Република Македонија, во согласност со член 41 од Законот за Јавното обвинителство, со оглед на тоа што досегашниот јавен обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, е разрешен од страна на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 17 август 2017 година.

Владата ја усвои и мерката од „Планот 3-6-9“ која се однесува на стопирање со владините реклами на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди, интернет портали (со исклучок на социјалните медиуми) и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис.

Во однос на „Планот 3-6-9“, Владата ја разгледа и усвои информацијата за динамиката на реализација на одделни точки од планот и ги задолжи институциите носители на мерките во „Планот 3-6-9“ да доставуваат извештаи за реализација на мерките до Секретаријатот за европски прашања секоја недела.

Започнува процедурата за именување на нов јавен обвинител на Република Македонија

Владата во вторник ќе ја започне процедурата за именување нов јавен обвинител на Република Македонија

Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија

Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски

Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски

Законските одредби за разрешување на јавниот обвинител на РМ по предлог на Владата на РМ

Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски

М.В