/ Прочитано:

1.202

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни 2017 година поради мигрантската криза

Ова продолжување е со цел да се обезбеди конинуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Мигранти

Денес во Собранието на Република Македонија на седниците на Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија, на дневен ред е Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

Во Одлуката објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 162/15 и 59/16, во членот 1, зборовите „до 31 декември 2016 година” се заменуваат со зборовите „до 30 јуни 2017 година”.

Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 18.3.2016 година, ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и го одобри продолжувањето на рокот за справување со кризната состојба, во времетраење до 31 декември 2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/16).

Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 5.10.2016 година, го разгледа Записникот од 9-тата седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 30.9.2016 година, со Предлог-одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и во согласност со предлогот на Управувачкиот комитет заклучи да ја утврди Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија, односно го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за продолжување на кризната состојба на подрачјата на јужната граница и северната граница на Република Македонија, до 30 јуни 2017 година.

Ова продолжување е со цел да се обезбеди конинуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.