/ Прочитано:

1.387

Владата предлага продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти

Владата на Република Македонија до Собранието на РМ поднесе Предлог-одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

„Со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, Владата на Република Македонија заклучи да побара од Собранието на Република Македонија да ја донесе Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и да го одобри продолжувањето на рокот за справување со кризната состојба, во времетраење до 31 декември 2017 година“, се вели во Предлог- одлуката.

М.В