/ Прочитано:

1.102

Владеењето на правото и судската независност во фокусот на средбата Ристовски – Вудс

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски оствари средба со обвинителката Реј Вудс, правен советник во Амбасадата на САД во Скопје.

Реформите што треба да се преземат од страна на Владата во насока на владеењето на правото,  ефикасност, транспарентност, спроведување на законот и евроатлантската интеграција, беа во фокусот на разговорот помеѓу заменик министерот за правда Оливер Ристовски и обвинителката Реј Вудс, правен советник во Амбасадата на САД во Скопје.

Во текот на средбата во просториите на Министерството за правда, заменик  министерот Ристовски  се заблагодари на Владата на САД за помошта и континуираната поддршка кои ги имаат дадено за развојот на правосудниот систем во земјава.

Заменик министерот Ристовски на средбата нагласи дека оваа соработка и оваа помош од САД треба да продолжат и во иднина, особено  во процесите за јакнење на владеењето на правото, зајакнување на независноста на судството и враќање на довербата на граѓаните во институциите на правдата.

Вудс му  честиташе на заменик министерот за неговото назначување на функцијата, нагласувајќи ја поддршката која  САД  ја имаат дадено во минатото на Република Македонија во областа на правосудството. Исто така,  Реј Вудс увери дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат  Република Македонија во процесот на развојот на правниот систем.

М.В