/ Прочитано:

2.173

Владимир Глигоров – предавач на Конференцијата „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“

Вторник, 29 септември 2015 – Предавач на овогодинешната Конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“, во организација на Академик, ќе биде и г-дин Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, кој ќе ја елаборира темата за политичките ризици и за нивното влијание врз економските текови. 

Oвогодишната, четврта по ред, меѓународна правна конференција „Управување со правни ризици“ се фокусира на правната етика и естетика. Правните ризици невозможно е да се разгледуваат изолирано од економските и од политичките ризици кои произлегуваат од актуелните состојби.

За таа цел, познатиот економски истражувач Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, на Конференцијата ќе ја елаборира темата за политичките ризици и за нивното влијание врз економските текови, пренесувајќи ги своите познавања за конкретната област, засновани на огромно професионално искуство, ангажман и научно тврорештво.

Глигоров е виш истражувач во Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW), а неговото истражување е фокусирано на макроекономијата, економијата и политиката во Југоисточна Европа, а посебно во државите од поранешна Југославија.

Глигоров има работено конкретно во областите на трговска интеграција, развој на финансискиот сектор, структурни политики, теорија и политики на развој и нееднаквост во Југоисточна Европа.

Угледниот економист Владимир Глигоров работи на истражувачки проекти за Европската комисија, а има и консултантски ангажмани за меѓународни организации како што е Светска банка, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), итн. Глигоров работел и како консултант на хрватскиот претседател и на македонската и српската влада.

Тој е предавач на Универзитетот во Виена и редовен соработник на фирмата Oxford Analytica (Оксфорд и Њујорк). Има пишувано статии за весникот „Волстрит Џурнал“ и пишува редовни колумни за повеќе весници и неделници во Југоисточна Европа. Во своите написи Глигоров елаборира бројни глобални и регионални економски,социо-културолошки и политичко – правни прашања и тематики.

Како добар познавач на економско-политичките сосотојби во Европската унија и на Балканот, Глигоров често во своите анализи и истражувања говори за предизвиците на Европската унија, но и за предизвиците на балканските земји во контекст на евроинтеграциите. Глигоров, актуелните состојби повразни со функционирањето на современите општества ги анализира и низ поширок економско-социолошки и правно-филозофски дискурс. Во еден од своите написи, тој говори и што претставува „духот на законот“ за една држава.

„Правдата е политичко добро. Всушност, се работи повеќе за идеал. Постојат многу аспекти на овој идеал. Треба да се разликуваат три работи: Чувството за неправда, идејата за комутативна правда и идеалот на дистрибутивната правда. Начинот на кој се лекува чувството за неправда и се постигнува посакуваниот тип и ниво на правда претставува „духот на законот“ на една држава. Темелот на државниот авторитет се заснова на начинот на кој се обезбедува ова добро“, истакнува угледниот австриски економист, Владимир Глигоров.

Четврта правна меѓународна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“, 27-28.10.2015