/ Прочитано:

749

Во јануари ќе се знае дали ќе се бара смртна казна Царнаев

Вторник, 24 септември 2013 – Американските власти соопштија дека до јануари очекуваат одлука за тоа дали обвинителите ќе побараат смртна казна за Џохар Царнаев, обвинетиот за бомбашкиот напад за време на маратонот во Бостон.

Официјални претставници изјавија дека до крајот на идниот месец, федералните обвинители планираат да решат дали ќе се бара смртна казна. Споре американските власти,  јавниот обвинител Ерик Холдер ќе ја донесе конечната одлука 90 дена потоа.

Според наводите на обвинителството, 20-годишниот Царнаев и неговиот постар брат Тамерлан се одговорни за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон  кој беше одржан на 15 април, при што загинаа 3 лица, а 260 беа повредени. Истрагата покажа дека тие активирале две експлозивни направи во близина на целната линија на бостонскиот маратон.
Тамерлан Царнаев беше убиен неколку дена потоа во престрелка со полицијата, а Џохар во јули се изјасни за невин по сите точки од обвинението.