/ Прочитано:

863

Во март просечна плата 21.402 денари

Среда, 27 мај 2015 – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 21.402 денари и во однос на март лани е повисока за 1,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (9.0%), Други услужни дејности (7.3%) и Финансиски  дејности и дејности на осигурување (6.3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.1%), Земјоделство, шумарство и рибарство (6.6%) и  Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.9%)“, се вели во соопштението на Заводот.

Исплатената месечна бруто плата во март изнесувала 31.455 денари.

Во март годинава, според информациите на Државниот завод за статистика, 1,1 процент од вработените во Македонија не примиле плата.