/ Прочитано:

920

Во СЕП дискусија за судството по Извештајот на ЕК

Четврток, 16 октомври 2014 – Во Секретаријатот за европски прашања денеска ќе се одржи дискусија од доменот на судството по повод добивањето на Извештајот од Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година.

Во дискусијата ќе учествува и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

Повик до Невладиниот сектор за учество во јавна дискусија за Извештајот. Дискусијата ќе се одржи на 17.10.2014 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на СЕП (поранешна Комерцијална Банка).