/ Прочитано:

800

Во Телеком ќе има внатрешна истрага за прислушувањето

Вторник, 21 март 2015 – Одборите на директори на Македонски телеком и на Т-Мобиле Македонија на вонреден состанок вчера одлучија да се спроведе, како што велат оттаму, најавената интерна истрага, информираа телеком-операторите преку заедничко соопштение.

Маѓар телеком, мајката компанија на Македонски телеком и на Т-Мобиле Македонија, минатиот месец најави истрага со надворешни консултанти во својата фирма-ќерка во Македонија. Повод за истрагата се сомнежите за улогата на македонскиот Телеком во аферата со прислушувањето која во Македонија ја отвори лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Во соопштението на Телеком не се прецизира за каква истрага станува збор.

На вонредниот состанок, Одборот на директори на Македонски телеком го избра Панче Кралев, којшто е неизвршен член, за претседател на Одборот на директори, со мандат од 21 април 2015 година.